-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 0
/
index.html
401 lines (394 loc) · 101 KB
/
index.html
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66
67
68
69
70
71
72
73
74
75
76
77
78
79
80
81
82
83
84
85
86
87
88
89
90
91
92
93
94
95
96
97
98
99
100
101
102
103
104
105
106
107
108
109
110
111
112
113
114
115
116
117
118
119
120
121
122
123
124
125
126
127
128
129
130
131
132
133
134
135
136
137
138
139
140
141
142
143
144
145
146
147
148
149
150
151
152
153
154
155
156
157
158
159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
176
177
178
179
180
181
182
183
184
185
186
187
188
189
190
191
192
193
194
195
196
197
198
199
200
201
202
203
204
205
206
207
208
209
210
211
212
213
214
215
216
217
218
219
220
221
222
223
224
225
226
227
228
229
230
231
232
233
234
235
236
237
238
239
240
241
242
243
244
245
246
247
248
249
250
251
252
253
254
255
256
257
258
259
260
261
262
263
264
265
266
267
268
269
270
271
272
273
274
275
276
277
278
279
280
281
282
283
284
285
286
287
288
289
290
291
292
293
294
295
296
297
298
299
300
301
302
303
304
305
306
307
308
309
310
311
312
313
314
315
316
317
318
319
320
321
322
323
324
325
326
327
328
329
330
331
332
333
334
335
336
337
338
339
340
341
342
343
344
345
346
347
348
349
350
351
352
353
354
355
356
357
358
359
360
361
362
363
364
365
366
367
368
369
370
371
372
373
374
375
376
377
378
379
380
381
382
383
384
385
386
387
388
389
390
391
392
393
394
395
396
397
398
399
400
401
<!DOCTYPE html>
<html lang="mk">
<head>
<title>За „серењето“ - Хери Г. Франкфурт</title>
<meta charset="UTF-8">
<link rel="stylesheet" href="bootstrap/css/bootstrap.min.css" />
<meta name="viewport" content="width=device-width, initial-scale=1.0">
<link rel="stylesheet" href="bootstrap/css/bootstrap-responsive.min.css" />
<link rel="stylesheet" href="style.css" />
<script src="//ajax.googleapis.com/ajax/libs/jquery/1.7/jquery.js"></script>
<script src="bootstrap/js/bootstrap.min.js"></script>
</head>
<body>
<div class="container-fluid glaven-sodrzatel">
<div class="row-fluid">
<header role="banner" class="span4">
<div class="korica" data-spy="affix" data-offset-top="0">
<div class="naslovi">
<h1>За „серењето“</h1>
<hr/>
<h2>Хери Г. Франкфурт</h2>
</div>
<nav role="navigation">
<ul class="glavno-meni">
<li class="active"><a data-toggle="tab" href="#kniga">Читај</a></li>
<li><a data-toggle="tab" href="#prezemanje">Преземи</a></li>
<li><a data-toggle="tab" href="#za_prevodot">За преводот...</a></li>
</ul>
</nav>
</div>
</header>
<div class="span6 offset1 tab-content glavna-sodrzina">
<section id="kniga" class="tab-pane active fade in">
<header>
<h1>
За „серењето“ - Хери Г. Франкфурт
</h1>
</header>
<p>
Една од најистакнатите одлики на нашата култура е дека има многу серење. Сите го знаат ова. И секој од нас си има свој придонес. Но имаме тенденција да ја земаме оваа работа здраво за готово. Повеќето луѓе се прилично уверени во својата способност да препознаат серење и да не наседнат. И така, оваа појава не предизвикала голем интерес, ниту пак, поттикнала на издржано истражување.
</p>
<p>
Како последица, не ни е баш најјасно што претставува серењето, зошто толку многу се сере или пак, зошто воопшто се сере. Ниту пак, го цениме свесно заради тоа што нам ни значи. Со други зборови, немаме теорија. Предлагам да се започне со развивање теориско разбирање на серењето, главно преку првична и истражувачка филозофска анализа. Нема да ги разгледувам реторичките (зло)употреби на серењето. Целта ми е просто да дадам груб преглед на тоа што претставува серењето и како се разликува од она што не е серење или (поинаку кажано), да ја составам, повеќе или помалку површно, структурата на неговиот концепт.<br/>
Секако, секој предлог за тоа кои услови се логично потребни и доволни за појавата на серењето би бил донекаде произволен. Прво, изразот <i>серење</i> често се применува слободно - едноставно како општ термин за злоупотреба, без некое посебно буквално значење. Второ, појавата сама по себе е толку широка и аморфна што никаква прецизна или јасна анализа на нејзиниот концепт не може да биде вкалапена без притоа да не отпаднат некои важни аспекти. Па сепак, би требало да може да се каже нешто корисно, па макар и не било конечно. На крајот, дури и најосновните и првични прашања за серењето не само што не се одговорени, туку не се ни поставени.
</p>
<p>
Колку што сум запознаен, многу малку е работено на оваа тема. Немам направено преглед на литературата бидејќи, меѓу другото, не знам ни од каде би почнал. За среќа, има едно мошне очигледно место каде може да се погледне - Оксфордскиот речник на англискиот јазик. Поимот <i>серење</i> е објаснет во дополнителните томови на Речникот заедно со различните соодветни употреби на зборот <i>сери</i> (анг. bull) и други сродни поими. Ќе им се навратам на дел од нив кога ќе дојде време. Не се советував со речници на други јазици бидејќи не знам како се вика <i>серење</i> и <i>сери</i> на ниеден друг јазик.
</p>
<p>
Друг корисен извор е есејот „<i>Распространетоста на</i> <i>мајтапот</i>“ од Макс Блек.<sup><a href="#odt-footnote-ftn1" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn1" id="anchor-odt-ftn1">i</a></sup> Не сум сигурен колку се блиски во значењата зборот <i>мајтап</i> и зборот <i>серење</i>. Се разбира, зборовите не се слободно и целосно заменливи; јасно е дека се користат различно. Но разликата, се чини, главно произлегува од степенот на учтивост и некои други реторички параметри, а не само од буквалните значења кои најмногу ме интересираат. Поучтиво и поблаго е да се рече „мајтап“ одошто „серење!“. Во корист на дискусијава, понатаму ќе претпоставам дека нема друга важна разлика меѓу двата поима.
</p>
<p>
Блек предлага повеќе синоними за „мајтап“ (humbug) како што се: „глупости“ (balderdash), „тресење зелени“ (claptrap), „евтини приказни“ (hokum), „дрдорење“ (drivel), „бесмислици“ (buncombe), „измама“ (imposture) и „надрилекарство“ (quackery). Овој список од живописни синоними не е многу корисен. Но за Блек, проблематично е и утврдувањето на природата на мајтапот, па ја нуди следнава општа дефиниција:
</p>
<p class="indent">
Мајтап: измамничко и грешно објаснување, речиси лажно, на сопствените мисли, чувства или ставови, што се постигнува особено со преувеличување на кажаното или стореното .<sup><a href="#odt-footnote-ftn2" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn2" id="anchor-odt-ftn2">ii</a></sup>
</p>
<p>
Слична формулација може да биде уверлива дефиниција за суштинските одлики на серењето. Како вовед, пред секој да си создаде независна слика за овие карактеристики, ќе ги коментирам различните елементи на Блековата дефиниција.
</p>
<p>
<i>Измамничко и грешно објаснување</i>: Ова можеби звучи како тавтологија. Несомнено, она што Блек го има на ум е дека мајтапот е нужно создаден или насочен за да измами, дека погрешното објаснување не е случајно. Со други зборови, тоа е намерно.
</p>
<p>
Е сега, ако како прашање на концепциска нужност, намерата да се измами е непроменлива особина на мајтапот, тогаш својството да се биде мајтапчија зависи, барем делумно, од умствената состојба на овој „престапник“. Оттука, намерата не може да се поистовети со кое било од својствата - било да се неделиви или односни - што му се припишуваат само на исказот преку кој мајтапот се случува. Во оваа смисла, мајтапот е сличен на лагата, но не е ни оддалеку идентичен со лажноста ниту пак со кое било друго својство на изјавата на лажгото, која е возможно лажгото да ја даде само заради својата одредена умствена состојба односно, заради намерата да измами.
</p>
<p>
Друго прашање е дали постојат и други одлики без кои мајтапот или лажењето не би биле тоа што се, а кои <i>не</i> зависат од намерите и верувањата на личноста која стои зад мајтапот или лагата, или напротив, дали е можно кој било исказ – со оглед на тоа дека говорникот е во определена умствена состојба – да биде средство на мајтапот или лагата. Во некои примери за лажење, има лага само ако се даде невистинита изјава; во други, личноста може да лаже, дури и ако изјавата што ја дава е вистинита, се` додека верува дека изјавата е лажна и ја дава со цел да измами. Но што е со мајтапот и серењето? Може ли кој било исказ воопшто да се смета за мајтап или серење доколку (така да речеме) искажувачот има добри намери или мора и самиот исказ да носи свои определени карактеристики?
</p>
<p>
<i>Речиси лажно</i>: Мора да може да се каже дека мајтапот е „речиси лажно“ објаснување бидејќи иако има некои од препознатливите карактеристики на лагата, сепак некои му недостигаат. Но ова сигурно не е главната поента. Најпосле, секоја употреба на јазикот, без исклучок, има некои, но не и сите особености на лагите. Ако ништо друго, тогаш барем одликата дека е едноставно употреба на јазикот. Па сепак, би било неточно секоја употреба на јазикот да се опише како „речиси лажно“ објаснување. Дефиницијата на Блек побудува определена идеја за некаков континуум во кој лажењето зазема определен дел на кој мајтапот може само да му претходи. Каков е овој континуум каде не можеме да се сретнеме со лагата доколку прво не сме се сретнале со мајтапот? И мајтапот и лагата се видови на намерно погрешно објаснување. Па сепак, на прв поглед не е јасно како разликата помеѓу овие видови на намерно погрешно објаснување може да се толкува и како разлика во силина.
</p>
<p>
<i>Особено со преувеличување на кажаното или стореното:</i> Тука важни се две нешта. Прво, Блек го определува мајтапот не само како говор, туку и како дејство; може да се постигне или со зборови или со дела. Второ, употребата на прилогот „особено“ укажува дека Блек не го смета преувеличувањето за нужна или сосема неопходна одлика на мајтапот. Несомено, мајтапот често е дрзок. Што се однесува, пак, до „серењето“, фразата „дрско серење“ се смета за вообичаена. Но склон сум кон мислењето дека кога серењето е дрско, тогаш дрскоста е главниот мотив за серењето, а не составен дел од неговата суштина. Ако некој се однесува дрско, тоа не секогаш значи дека неговиот исказ е чин на серење. Но сигурно, и тоа често, го објаснува таквиот негов исказ. Сепак, не би требало да се претпоставува дека дрскоста и преувеличувањето се секогаш неопходен мотив за серење.
</p>
<p>
<i>Измамничко и грешно објаснување... на сопствените мисли, чувства или ставови</i>: претпоставката дека мајтапчијата во суштина погрешно се објаснува себеси, отвора некои клучни прашања. За почеток, кога некој намерно погрешно објаснува <i>што било</i>, тогаш неизбежно погрешно ја објаснува состојбата на својот ум. Секако, возможно е некоја личност погрешно да го престави само тоа, преправајќи се, на пример, дека има желба или чувство кое всушност го нема. Но да претпоставиме дека некоја личност намерно погрешно објаснува нешто друго, било со лага или поинаку. Тогаш, погрешно претставува најмалку две работи. Погрешно го објаснува она за што зборува, што и да е тоа – т.е. состојбата на нештата што се тема или референца на неговиот дискурс - и со тоа, неизбежно погрешно го објаснува и својот ум. На пример, некој што лаже за тоа колку пари има во џебот, дава информација за сумата на пари во својот џеб и пренесува дека верува во оваа информација. Ако лагата успее, тогаш нејзината жртва е двапати измамена: првпат, кога погрешно ќе поверува што има лажгото во џебот и вторпат, кога погрешно ќе поверува во она што лажгото го има на ум.
</p>
<p>
Е сега, тешко веројатно е дека Блек посакува референца на мајтапот секојпат да биде умствената состојба на мајтапчијата. На крајот, нема посебна причина зошто мајтапот не би бил и за некои други нешта. Блек најверојатно мисли дека мајтапот не се користи првично за да ѝ се даде на публиката лажно верување за која и да е темата што се разгледува, туку дека неговата примарна цел е да и` даде на публиката лажен впечаток за тоа што се случува во умот на говорникот. Дотука, креирањето на ваквиот впечаток е неговата главна намена и цел.
</p>
<p>
И доколку дотука Блек ни е јасен, тогаш следнава хипотеза може да биде образложение за неговата определба на мајтапот како „речиси лажно објаснување“. Ако лажам за тоа колку пари имам, тоа не значи дека давам <i>експлицитно</i> тврдење за моите верувања. Оттука, човек може прилично убедено да смета дека иако со кажувањето на лагата, јас погрешно го преставувам она што го имам на ум, ова погрешно преставување – што не е исто со погрешното претставување за тоа што го имам во џебот – строго гледано, воопшто не е лага. И тоа, зашто не давам отворено изјава за што било што имам на ум. Ниту пак изјавата што потврдно ја давам – на пример: „Имам дваесет долари во џеб“ - претставува изјава заснована врз мое одредено верување. Од друга страна, неспорно е дека со ваквото потврдување, Ви давам разумна основа за проценување на моите уверувања. Или подобро кажано, Ви давам разумна основа да претпоставите дека јас верувам дека имам дваесет долари во џебот. И со оглед на тоа што оваа претпоставка е хипотетички лажна, кажувајќи Ви ја лагата, ас тежнеам да Ве измамам за тоа што ми е на ум, иако всушност не кажувам лага за тоа. Во овој контекст, се чини сосема природно или соодветно да сметате дека јас погрешно ги претставувам своите верувања на начин што би го опишале како „речиси лажно објаснување“.
</p>
<p>
Лесно е да се замислат вообичаени ситуации кои без проблем би го потврдиле Блековото гледиште за мајтапот. Еве, да земеме еден оратор, кој по повод 4-ти Јули, бомбастично зборува за „нашата голема и благословена земја, чии татковци-основачи водени од Бога, создале нов почеток за човештвото“. Ова е, бездруго, мајтап. Како што посочува Блек, ораторот не лаже. Би лажел кога би настојувал да ја убеди публиката во нешто што и тој го смета за неточно, како на пример, дали земјата е голема, дали е благословена, дали нејзините татковци-основачи биле водени од Бога и дали со тоа што го сториле, навистина создале нов почеток за човештвото. Но ораторот не се грижи за тоа што публиката мисли за татковците на нацијата или пак, за улогата на божественото во историјата на земјата или слично. Или барем, заинтересираноста за мислењата по овие прашања не е она што го мотивира неговиот говор. Јасно е дека она што го прави говорот за 4-ти Јули мајтапчиски, во основа не е фактот дека самиот говорник ги смета своите изјави за лажни. Туку, како што вели Блек, ораторот има намера со овие изјави да создаде определен впечаток за самиот себе. Тој не се обидува да измами кого било за американската историја. Она што му е важно е што луѓето мислат за <i>него</i>. Тој сака тие за него да мислат дека е патриот, дека е некој кој има длабоки мисли и чувства за потеклото и мисијата на земјата, кој ја цени важноста на религијата, кој е свесен за важноста на националната историја, некој чија гордост на таа историја е комбинирана со понизност пред Бога, итн.
</p>
<p>
Па така, Блековото поимање за мајтапот комотно се вклопува во некои парадигми. Сепак, не верувам дека правилно и прецизно ја дофаќа суштината на серењето. За серењето може да се каже, како што тој кажува за мајтапот, дека е „речиси лажно објаснување“ и дека тие што го прават, донекаде намерно погрешно се преставуваат. Но Блековото поимање на овие две особини значително ја промашува целта. Следно ќе се обидам да направам, разгледувајќи некој биографски материјал за Лудвиг Витгенштајн, првична, но попрецизно насочена проценка на главните одлики на серењето.
</p>
<p>
Витгенштајн еднаш рече дека следниве стихови од Лонгфелоу би можеле да му бидат мото:<sup><a href="#odt-footnote-ftn3" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn3" id="anchor-odt-ftn3">iii</a></sup>
</p>
<p class="indent">
Во раните денови на уметноста<br/>
градителите коваат со грижа најголема<br/>
секоја минута и невиден дел<br/>
зашто боговите се насекаде.
</p>
<p>
Поентата на стиховите е јасна. Порано, занаетчиите не работеле несовесно. Работеле внимателно и се грижеле за секој аспект на својата работа. Секој дел од производот бил обмислен, дизајниран и направен токму таков каков што требало да биде. Нивната дисциплина не попуштала ниту околу деталите при работата, кои обично не се видливи. Иако никој не би ни забележал доколку тие детали не се како што треба, сепак занаетичиите би ги гризела совеста. Па така, ништо тргале под черга. Или народски кажано, немало серење.
</p>
<p>
Се чини прикладно да се толкуваат невнимателно направените и лоши добра како аналогни на серењето. Но како? Дали сличноста е во тоа што серењето речиси секогаш се добива на невнимателен и самозадоволувачки начин, што никогаш не е фино осмислено, што при неговото создавање, никогаш не постои педантна грижа за деталите за кои пишува Лонгфелоу? Дали серкото е по природа глупава мрза? Дали неговиот производ е секојпат неуреден или необработен? Зашто зборот „сере“ недвосмислено упатува на тоа. Изметот воопшто не е осмислен или изработен; тој само се изнесува или исфрла. Може да има повеќе или помалку кохерента форма, а може и да нема, но во ниеден случај не е осмислен.
</p>
<p>
Според тоа, идејата за внимателно осмислено серење вклучува одреден внатрешен напор. Грижливото внимание за деталите бара дисциплина и објективност. Подразбира прифаќање стандарди и ограничувања кои не дозволуваат задоволување на нагонот или каприците. Токму оваа несебичност, вака поврзана со серењето, ни се чини неприкладна. Но таа, всушност, воопшто не треба да се преиспитува. Рекламирањето и односите со јавноста, како и денешната ним блиска политика, се полни со примери за серење, толку апсолутни, што можат да послужат како едни од најнепобитните и класични парадигми на концептот. И во овие сфери има големи мајстори, кои со помош на напредни и сложени техники за пазарно истражување, анкетирање на јавното мислење, психолошко тестирање и друго, безуморно работат за да секој збор и слика бидат токму онакви какви што треба.
</p>
<p>
Несомнено, не е кажано се’. Независно колку сериозно и совесно настапува серачот, неспорно е дека тој се обидува да се извлече со нешто. Во неговата, како и во работата на неуредните занаетчии, сигурно има некаква опуштеност, која се опира или ги изигрува барањата на објективната и строга дисциплина. Ваквата опуштеност, очигледно, не може да се изедначи со едноставна немарност или негрижа за деталите. Понатаму ќе се обидам да дадам поподробно објаснување.
</p>
<p>
Витгенштајн ја посветил својата филозофска енергија воглавно на идентификување и борба против тоа што тој го сметаше за подмолно подривачки форми на „глупостите“. Се чини дека таков бил и приватно. Ова се гледа во анегдотата поврзана со Фанија Паскал, која го познавала во Кембриџ во триесеттите години на минатиот век:
</p>
<p class="indent">
Ми ги извадија крајниците и лежев во болницата „Евелин“ и си се сожалував. Витгенштајн викна. Јас крекнав: „Се чувствувам како прегазено куче“. Нему му се згади: „Ти не знаеш како се чувствува прегазено куче“.<sup><a href="#odt-footnote-ftn4" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn4" id="anchor-odt-ftn4">iv</a></sup>
</p>
<p>
Кој знае што навистина се случило? Се чини невообичаено, речиси неверојатно, дека некој сериозно би приговарал на тоа што Паскал пишува дека го рекла. Таквата сликовита определба на нејзините чувства - толку невино блиска до апсолутно вообичаеното „болен како куче“ - едноставно не е доволно провокативна за да поттикне толку силна или длабока реакција како гадење. Ако споредбата на Паскал е непријатна, тогаш која фигуративна или преносна употреба на јазикот не би била?
</p>
<p>
Па можеби и не се случило баш онака како што Паскал пишува. Можеби Витгенштајн сакал малку да се пошегува, но не успеал. Тој можеби само се преправал дека ѝ се развикува, заради забава, но таа погрешно ги сфатила тонот и намерата. Таа мислела дека нему му се гади од нејзината изјава, а тој всушност само сакал да ја развесели со игриво усилен исмевачки критицизам или закачање. Во тој случај, случката воопшто не е неверојатна или чудна.
</p>
<p>
Но ако Паскал не успеала да ја препознае шегата на Витгенштајн, тогаш можеби веројатноста дека тој бил сериозен и не била толку мала. Таа го познавала и знаела што да очекува од него; знаела како се чувствува поради него. Оттука, начинот на кој таа ја разбрала или не ја разбрала неговата забелешка, многу веројатно не бил целосно несоодветен. Можеме основано да претпоставиме дека дури и да не одговара сосема нејзиното сеќавање за случката на фактичката намера на Витгенштајн, тоа одговара, во доволна мера, на нејзината претстава за него. За целите на оваа дискусија, ќе го прифатам пишувањето на Паскал такво какво што е, претпоставувајќи дека кога станува збор за употребата на преносен или фигуративен јазик, Витгенштајн навистина бил апсурден како што таа го претставува.
</p>
<p>
Па тогаш, што е тоа во нејзиниот исказ што Витгенштајн го наоѓа вредно за приговарање? Да претпоставиме дека тој е во право за фактите, односно дека Паскал навистина не знае како се чувстува прегазено куче. Па сепак, кога таа го вели тоа, јасно е дека не <i>лаже</i>. Таа ќе лажела ако кога го кажала кажаното, била свесна дека, всушност, се чувствува добро. Бидејќи колку малку и да знаела за животот на кучињата, на Паскал мора да ѝ било јасно дека кога кучињата бидуваат прегазени, тие не се чувствуваат добро. Така, ако таа, всушност, се чувствувала добро, тогаш ќе било лага да вели дека се чувствува како прегазено куче.
</p>
<p>
Витгенштајн, како што го опишува Паскал, имал намера да ја обвини не за лажење, туку за поинаков вид на погрешно претставување. Таа го карактеризира своето чувство како „чувство на прегазено куче“. Сепак, таа навистина не знае какво е чувството на кое се однесува оваа фраза. Се разбира, фразата за неа е далеку од комплетна бесмислица; тешко веројатно е дека зборува глупости. Тоа што го вели има јасно значење, која таа сигурно го разбира. Покрај тоа, таа знае нешто за квалитетот на чувството на кое се однесува фразата: знае барем дека тоа е непосакувано и непријатно чувство, <i>лошо</i> чувство. Нејзината изјава е проблематична зашто има намера да пренесе нешто повеќе од тоа дека таа не се чувствува добро. Нејзината определеност на личното чувство е премногу точна; таа е неверојатно прецизна. Нејзиното не е кое било лошо чувство, туку според нејзината изјава, токму она лошо чувство што кучето го има кога е прегазено. За Витгенштајн, судејќи според неговата реакција, како што пишува Паскал, ова е серење.
</p>
<p>
Дури и да претпоставиме дека за Витгенштајн, изјавата на Паскал е навистина серење, зошто тоа толку го погодува? Верувам дека тоа е така бидејќи она што Паскал го вели, тој го гледа како - засега, грубо речено - нешто што не е поврзано со грижа за вистината. Нејзината изјава не го поткрепува потфатот наречен опишување на реалноста. Таа дури не ни мисли дека знае, освен во најширока смисла, како се чувствува прегазено куче. Оттука, нејзиниот опис на сопственото чувство не е ништо друго туку измислица. Го „вади од ракав“ или доколку го чула од друг, го повторува без размислување и без каков било обѕир за вистинската состојба на нештата.
</p>
<p>
Токму оваа несовесност ја предизвикува острата критика на Витгенштајн. Му се гади зашто Паскал не е ни загрижена дали нејзиниот исказ е точен. Секако, постои голема веројатност дека таа го вели тоа во еден несмасен обид да зборува сликовито, да изгледа живо или весело; и несомнено е дека реакцијата на Витгенштајн - како што таа ја толкува - е апсурдно нетрпелива. Како и да е, се чини јасно од каде доаѓа. Тој реагира зашто ја доживува како некој кој зборува за своето чувство без размислување, без свесно внимание за релевантните факти. Нејзината изјава не е „осмислена со најголема грижа“. Таа ја дава без воопшто да ја земе предвид нејзината точност.
</p>
<p>
Она што го мачи Витгенштајн очигледно не е тоа што Паскал згрешила во описот на своето чувство. Не е дури ни тоа што направила невнимателна грешка. Нејзината опуштеност, односно недостигот на грижа, не е грешка што таа дозволила да ѝ се протне во говорот поради намерен или моментално несмасен пад на вниманието со кое таа ги согледува нештата. Она што го мачи, барем колку што Витгенштајн може да сфати, е што Паскал нуди опис на определена состојба на нештата без искрено да им се подложи на ограничувањата без кои претставувањето на реалноста би било неточно. Таа греши не зашто не успева да ги каже работите како што треба, туку зашто воопшто не се обидува.
</p>
<p>
Ова е важно за Витгенштајн затоа што, оправдано или не, тоа што таа го кажува тој го сфаќа сериозно, како изјава која дава опис на тоа како таа се чусвстува. Тој ја замислува вклучена во активност за која разликата помеѓу вистинитото и невистинитото е значајна, а сепак без интерес за вистинитоста или невистинитоста на кажаниот исказ. Вака гледано, изјавата на Паскал е неповрзана со грижата за вистината: таа не е загрижена за вистинитоста на тоа што го вели. Оттука, таа не може да биде лажливка бидејќи не претпостаува дека ја знае вистината, па не може намерно да дава изјава за која претпоставува дека е невистинита. Нејзината изјава не се заснова ниту врз верувањето дека е вистинита, ниту, каква што треба да биде една лага, врз верувањето дека е невистинита. Токму овој недостаток на поврзаност – ова непознавање на вистинската состојба на нештата – за мене е суштинското во серењето.
</p>
<p>
Сега ќе разгледам (по слободен избор) определени поими од <i>Оксфордскиот речник на англискиот јазик</i> кои се соодветни за разјаснувње на природата на серењето. Речникот го дефинира изразот „<i>биковска сесија“</i> (анг. <i>bull session</i>) како „неформален разговор или дискусија, посебно на група на мажи“. Како дефиниција, оваа се чини погрешна. Прво, речникот очигледно претпоставува дека употребата на терминот бик (анг. bull) во „биковска сесија“ примарно служи само за да означи род. Но дури и да беше вистина дека учесниците во „биковските сесии“ се воглавно мажи, убедувањето дека „биковска сесија“ суштински не е ништо повеќе од неформална дискусија меѓу мажи би било онолку точно колку и напоредното убедување дека „кокошкина сесија“ (анг. hen session) е само неформален разговор меѓу жени. Веројатно е вистина дека учесниците во „кокошкините сесии“ мора да се жени. Сепак, терминот „<i>кокошкини сесии“</i> пренесува нешто поодредено од ова, имајќи ја предвид посебноста на неформалниот разговор меѓу жени на кои им се посветени овие „кокошкини сесии“. Она што ја определува неформалната дискусија меѓу мажи како „биковска сесија“ е, чинам, следново: иако дискусијата може да биде интензивна и важна, таа во определена смисла не е „вистинска“.
</p>
<p>
Карактеристичните теми за една биковска сесија покриваат многу лични и емотивни аспекти на животот, како што се религијата, политиката или сексот. Воглавно, луѓето неволно отворено зборуваат на овие теми ако знаат дека најверојатно ќе бидат пресериозно сфатени. Учесниците во биковските сесии обично споделуваат различни мисли и ставови за да се чујат себеси како звучат кога ги кажуваат и за да откријат како другите реагираат, без притоа, да се земе кажаното за вистинито: во биковската сесија се подразбира дека изјавите што учесниците ги даваат, нужно не ги откриваат нивните чувства или уверувања. Главната цел е да се овозможи високо ниво на искреност и експериментален или авантуристички пристап кон темите што се дискутираат. Затоа, се создаваат услови за уживање во определена неодговорност, со што луѓето ќе бидат охрабрени да го пренесат она што го имаат на ум без да чувствуваат немир дека некој ќе ги држи за збор.
</p>
<p>
Со други зборови, секој учесник во биковската сесија се води според општото начело дека тоа што го искажува или вели нема да биде разбрано како нешто што тој безрезервно мисли или недвосмислено верува дека е вистина. Целта не е да се пренесуваат ставови. Па така, вообичаените претпоставки за поврзаноста помеѓу тоа што луѓето го велат и тоа во што тие веруваат, тука не постојат. Изјавите дадени во биковска сесија се разликуваат од серењето зашто никој не се преправа дека ваквата поврзаност постои. Од друга страна, пак, наликуваат на серење заради фактот дека до определен степен се ослободени од грижата за вистината. Оваа сличност помеѓу биковските сесии и серењето ја опфаќа и синтагмата „<i>гаѓање на бикот“</i> (анг. <i>shooting the bull</i>), која се однесува на разговорот карактеристичен за биковските сесии, а каде поимот <i>гаѓање</i> (анг. <i>shooting</i>) најверојатно е префинета верзија на поимот „<i>серење“</i> (анг. <i>shitting</i>). И синтагмата „<i>биковска сесија“</i> е, секако, најверојатно пречистена верзија на „сесија за серење“ (анг. <i>bullshit session</i>).
</p>
<p>
Сличност може да се препознае и во британската употреба на зборот „<i>бик“</i> (анг. <i>bull</i>), каде според Оксфордскиот речник, поимот се однесува на „непотребни рутински задачи или церемонии, претерана дисциплина или шминка, црвена лента“. Речникот ги дава следниве примери:
</p>
<p class="indent">
Четата... се бунтуваше поради сето срање (bull) што се случуваше во станицата. (И. Глид, „<i>Издинги се за да освоиш“,</i> vi. 51, 1942); Тие ја поставуваат стражата за нас, а ние маршираме пред нивните очи, такви срања. (А. Барон, „<i>Човечки вид“,</i> xxiv. 178, 1953); Измачувањето и „срањето“ во животот на парламентарците („<i>Економист“,</i> 8 февруари 470/471, 1958).
</p>
<p>
Овде поимот „<i>срање“</i> очигледно се однесува на задачи кои се бесцелни со самото тоа што немаат ништо заедничко со основната намера или оправданата цел на потфатот заради кој се прават. Се претпоставува дека шминката и црвената лента не важни за „вистинските“ цели на воениот персонал или на владините службеници, иако се наметнати од агенции или агенти кои се претставуваат како свесно посветени на тие цели. Така, „непотребните рутински задачи или церемонии“, кои создаваат срање, не се поврзани со основаните мотиви на активноста што ја придружуваат, исто како што и работите кои луѓето ги кажуваат за време на биковските сесии, не се поврзани со нивните вкоренети верувања и како што и серењето не е поврзано со грижата за вистината.
</p>
<p>
Поимот „<i>срање“</i> се сретнува и во пораширена и позната употреба, како помалку вулгарен еквивалент на поимот „серење“. Вака употребен, Оксфордскиот речник го дефинира како: „тривијално, неискрено или невистинито зборување или пишување; бесмислици.“ Недостигот на значење или нужната неважност не се определувачки за срањето; оттука, „бесмислици“ и „тривијално“, и покрај нивната нејасност, чинам, не се најдобриот избор. Фокусот на „неискрено или невистинито“ е подобар, но треба да биде поизострен.<sup><a href="#odt-footnote-ftn5" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn5" id="anchor-odt-ftn5">v</a></sup> Под истиот поим се дадени уште две дефиниции:
</p>
<p class="indent">
1941. „Белешки за дијалекти“ IV. 162 <i>Срање,</i> зборување што е бесцелно, „жежок воздух“.<br/>
I 932. Литературен додаток на Тајмс, 8 декември. 933/3 „Срање“ е уличен говор што означува комбинација од блеф, фалење, „жежок воздух“ и она што во војска го викавме „шегување со четата“.
</p>
<p>
„Бесцелно“ е соодветно, но и прешироко и премногу нејасно. Покрива дигресии и наивни безначајни аспекти, кои не се секојпат примери за срање; згора на тоа, кога ќе се каже дека срањето е бесцелно, останува нејасно на која цел се мисли. Референцата „жежок воздух“ во двете дефиниции е многу покорисна.
</p>
<p>
Кога за некој говор ќе се каже дека е жежок воздух, се мисли дека само тоа и излегува од устата на говорникот. Само пареа. Говорот е празен, без тежина или содржина. Таквата употреба на јазикот, соодветно, не ја поткрепува целта на која се претпоставува дека ѝ служи. Исто толку информации би се пренесле и кога говорникот само би издишал. Случајно, има сличност помеѓу жешкиот воздух и изметот, што го прави „<i>жешкиот воздух“</i> особено соодветен еквивалент на „<i>серењето“</i>. Како што жешкиот воздух е говор испразнет од сета информативна содржина, така и изметот е материја од која е отстрането сѐ што е хранливо. Изметот може да се смета за леш на прехраната, она што останува кога важните елементи на храната се исцрпени. Во оваа смисла, изметот е слика на смртта што ние самите ја произведуваме и која не можеме а да не ја произведуваме во обидот да си ги одржиме животите. Можеби баш затоа што ја правиме смртта толку интимна, изметот ни е толку одбивен. Во секој случај, тој не може да служи за преживување, исто како што ни жешкиот воздух не може да служи за комуникација.
</p>
<p>
Сега да ги разгледаме следниве стихови од „Канто LXXIV“ на Паунд, кои се наведени како глагол во Оксфордскиот речник под поимот „<i>серење“</i>:
</p>
<p class="indent">
Еј Снаг, што има во Библијата?<br/>
Кои се книгите на Библијата?<br/>
Кажи кои се, не сери.<sup><a href="#odt-footnote-ftn6" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn6" id="anchor-odt-ftn6">vi</a></sup>
</p>
<p>
Време е за факти. Човекот кон кого е упатено обраќањето, очигледно е некој кој во извесна мера тврдел дека ја знае Библијата или дека се интересира за неа. Говорникот се сомнева дека е ова само празен говор и бара факти што ќе го поткрепат. Тој нема да прифати само гласини, туку бара да го види нештото со свои очи. Со други зборови, го предизвикува блефот. Врската помеѓу блефот и серењето експлицитно е потврдена со дефиницијата, која ги придрижува стиховите на Паунд:
</p>
<p class="indent">
Како глагол, преоден и непреоден, да зборува бесмислици (некому);... исто така, со блефирање да се извлече од нешто, зборувајќи бесмислици.
</p>
<p>
Се чини дека серењето подразбира некаков блеф. Сигурно е многу поблиско до блефирањето отколку до лажењето. Но што кажува тоа за неговата природа, тоа што е повеќе како првото одошто како второто? Што точно е важната разлика помеѓу блефот и лагата?
</p>
<p>
И лажењето и блефирањето се начини на погрешно претставување или измама. Е сега, главниот концепт што ја одредува лагата е неточноста: лажгото, во суштина, е некој кој намерно шири неточност. И блефирањето најчесто значи пренесување нешто неточно. Па сепак, за разлика од обичното лажење, блефирањето не е толку прашање на неточност, колку што е на лажирање. Ова го доближува до серењето; бидејќи суштината на серењето не е во тоа дека е <i>неточно</i> туку дека е <i>фолирање</i>. За да се увиди оваа разлика, мора да се прифати дека измамата или фолирањето не треба во никој поглед (освен кога е самата автентичност во прашање) да му бидат подредени на вистинското нешто. Тоа што не е вистинско, не мора да значи дека е фалично на некој друг начин. Конечно, може да станува збор за верна копија. Она што не чини кај фаличните производи, не е какви се, туку како се направени. Ова упатува на сличен и важен аспект на суштествената природа на серењето: иако се создава без грижа за вистината, серењето не мора да биде лажно. Серкото ги лажира нештата. Но тоа нужно не значи дека не ги разбира.
</p>
<p>
Во новелата „Валкана приказна“ на Ерик Амблер, ликот наречен Артур Абдел Симпсон се сеќава на совет што го добил од татка си кога бил мал:
</p>
<p class="indent">
Иако имав само седум години кога татко ми беше убиен, сѐ уште многу добро се сеќавам на него и на дел од работите што ги велеше... Едно од првите нешта што ми ги кажа беше „никогаш не кажувај лага ако не можеш да се извлечеш со серење“.<sup><a href="#odt-footnote-ftn7" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn7" id="anchor-odt-ftn7">vii</a></sup>
</p>
<p>
Ова упатува дека не само што има важна разлика помеѓу лажењето и серењето, туку и дека второто се претпочита пред првото. Симпсон Постариот сигурно не мислел дека серењето е морално супериорно во однос на лажењето. Ниту, пак, е веројатно дека ги сметал лагите за помалку ефективни од серењето како средство за постигнување цели за кои и двете би можеле да се употребат. Најпосле, вешто смислена лага може сосема успешно да ја заврши работата. Можеби мислел дека е полесно да се помине неказнето со серење одошто со лажење. Или, пак, можеби мислел дека иако ризикот да се биде фатен е речиси ист во двата случаи, последиците се воглавно помалку сериозни за серкото отколку за лажгогото. Имено, луѓето се потолерантни кон серењето отколку кон лагите, можеби затоа што првото не го доживуваме толку лично. Во обид да се оддалечиме од серењето, поверојатно е едноставно да му свртиме грб со нетрпеливо или нервозно кревање на рамениците отколку со чувството на повреда или бес што лагите често го побудуваат. Да се разбере зошто нашиот став кон серењето е, генерално, помек од нашиот став кон лажењето е важно, па ете, нека биде тоа вежба за читателот.
</p>
<p>
Клучната споредба, сепак, не треба да се прави помеѓу кажувањето на лагата и некој пример за серење. Според Симпсон Постариот, алтернатива на лагата е „извлекувањето со серење“. Ова упатува не само на еднократно серење, туку на цела <i>програма</i> за серење во мера што ја наметнуваат околностите. Ова, можеби, е клучот за неговиот став. Кажувањето на лага е чин со остар фокус. Осмислена е така да внесе одредена неточност во определена точка во еден склоп или систем на верувања со цел да се избегнат последиците што би настанале кога таа точка би била заземена од вистината. Ова изискува одредена мајсторија, при што лажгото се подложува на објективните ограничувања условени од тоа што тој го смета за вистина. Лажгото неизбежно го засега вистината. За воопшто да може да измисли лага, тој мора да мисли дека знае која е вистината. А за да измисли ефективна лага, тој мора да ја обмисли неточноста под водство на таа вистина.
</p>
<p>
Од друга страна, човекот кој се обидува да се извлече со серење, има многу повеќе слобода. Него го интересира големата слика, а не деталите. Тој не настојува да ја внесе смислената неточност во определена точка, па така не е ограничен од вистината што ја опкружува или пресекува таа точка. Тој е подготвен дури и да го лажира контекстот, онолку колку што е потребно. Оваа ослободеност од ограничувањата на кои тој мора да се прилагоди, се разбира, нужно не значи дека неговата задача е полесна од задачата на лажгото. Но креативноста на која тој се потпира не е толку аналитична и промислена како кај лажењето. Порастеглива е и понезависна и нуди поголеми шанси за импровизирање, нијансирање и мисловна игра. Таа е повеќе уметност отколку мајсторија. Оттука доаѓа и познатиот концепт „уметник во серење“. Мојата претпоставка е дека советот на таткото на Артур Симпсон го одразува фактот дека повеќе го привлекувала ваквата креативност, независно од нејзината релативна успешност или ефективност, отколку посуровите и построги барања на лажењето.
</p>
<p>
Она што, всушност, серењето погрешно го претставува не е ни состојбата на нештата на кои се однесува ниту, пак, уверувањата на говорникот за неа. Нив погрешно ги претставуваат лагите, поради својата неточност. Со самото тоа што не мора да биде неточно, серењето се разликува од лагите во својата намера за погрешно наведување. Серкото не само што може да не нѐ измами, туку може воопшто и да нема таква намера и тоа, ниту за фактите ниту за тоа тој што мисли дека се факти. Она за што се обидува да нѐ измами, е неговиот потфат. Единствената негова незаменливо определувачка карактеристика е тоа што на некој начин, тој погрешно ја претставува својата намера.
</p>
<p>
Ова е клучната разлика помеѓу него и лажгото. И двајцата погрешно си се претставуваат, настојувајќи да ја пренесат вистината. Нивниот успех зависи од тоа дали ќе успеат да нѐ измамат. Но фактот што лажгото за себе го крие, е дека тој се обидува да нѐ оддалечи од точната слика за реалноста; ние не треба да знаеме дека тој сака да веруваме во нешто што тој смета дека е неточно. Од друга страна, фактот што за себе го крие серкото, е дека воопшто не го интересира вистинитоста на неговите изјави; она што ние не треба да го разбереме е дека неговата намера не е ни да ја пријави, ниту да ја скрие вистината. Ова не значи дека неговиот говор е анархично спонтан, туку дека мотивот кој го води и контролира, не ја зема предвид вистинската состојба на нештата за кои тој зборува.
</p>
<p>
Невозможно е некој да лаже ако не мисли дека ја знае вистината. Што не важи и за серењето. Според тоа, човекот кој лаже, одговара пред вистината и до тој степен и ја почитува. Кога зборува чесен човек, тој го кажува само она што верува дека е вистинито; а лажгото, пак, мора да верува дека неговите изјави се неточни. Сепак, за серкото ништо од ова не важи: тој не е ни на страната на вистината, ни на страната на лагата. Него воопшто не го интересираат фактите, што не е случај со чесниот и лажгото, освен ако не му помагаат да се извлече со тоа што го зборува. Тој не се грижи дали нештата што ги кажува точно ја опишуваат реалноста. Тој само ги одбира или измислува за да одговараат на неговата цел.
</p>
<p>
Во есејот „Лажење“, Свети Августин разликува осум видови на лаги, кои ги групира според намерата или изговорот поради кои се кажани. Седум од овие лаги се кажуваат само зашто се претпоставува дека се незаменливи средства за постигнување некоја цел, што е различно од обичното создавање лажни верувања. Со други зборови, она што го привлекува лажгото не е нивната неточност. А бидејќи се искажани само заради нивната претпоставена незаменливост при остварувањето на некоја цел, што не е измама, Св. Августин ги смета за неволно кажани лаги: тоа што човекот сака не е да ја каже лагата, туку да ја постигне целта. Оттука, според него, тие не се вистински лаги, а луѓето кои ги кажуваат, не се лажговци во строгата смисла на зборот. Единствено во преостанатата категорија тој препознава „лага што е кажана само заради задоволството од лажење и измамување односно, вистинска лага“.<sup><a href="#odt-footnote-ftn8" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn8" id="anchor-odt-ftn8">viii</a></sup> Лагите во оваа категорија не се средство за постигнување каква било цел освен за промовирање неточност. Тие се кажуваат едноставно заради нив самите т.е. чисто од љубов кон измамата:
</p>
<p class="indent">
Има разлика помеѓу човек што кажува лага и лажго. Првиот ја кажува лагата неволно, додека лажгото љуби да лаже и го поминува своето време во радост од лажење... Вториот ужива во лажењето и ѝ се радува на самата неточност.<sup><a href="#odt-footnote-ftn9" class="odt-footnote-anchor" name="anchor-odt-ftn9" id="anchor-odt-ftn9">ix</a></sup>
</p>
<p>
Тоа што Св. Августин го нарекува „лажговци“ и „вистински лаги“ е ретко и невообичаено. Сите лажат одвреме-навреме, но има многу малку луѓе кои често (ако не и секогаш) лажат исклучиво од љубов кон неточноста или измамата.
</p>
<p>
За многу луѓе, фактот дека некоја изјава е неточна е доволна причина, макар и слаба и лесно премостлива, да не се каже таа изјава. За вистинскиот лажго на Св. Августин, тоа е, баш напротив, причина повеќе за да се каже. За серкото, таа, сама по себе, не е ниту причина за ниту причина против. И во лажењето и во кажувањето на вистината, луѓето се водени од своите верувања за состојбата на нештата. Од нив ќе зависи дали луѓето ќе го опишат светот точно или неточно. Поради ова, кажувањето на лаги не го прави човека неспособен за кажување вистина на начин на кој тоа го прави серењето. Преку претерано уживање во втората активност, која вклучува давање тврдења без да се внимава на што било освен дека некому му годи да го даде тоа тврдење, може да ослаби или да се изгуби нормалната навика да се восприемаат нештата онакви какви што се. Тој што лаже и тој што ја кажува вистината играат на различна страна во, да речеме, истата игра. Секој реагира на фактите така како што ги разбира, иако реакцијата на едниот е водена од авторитетот на вистината, а реакцијата на другиот му се спротивставува на тој авторитет и одбива да ги исполни неговите барања. Серкото целосно ги игнорира овие барања. Тој не го одбива авторитетот на вистината како лажгото и не му се спротиставува. Дотолку повеќе, тој воопшто не му обрнува внимание. Па така, произлегува дека серењето ѝ е поголем непријател на вистината одошто лагите.
</p>
<p>
Тој што е засегнат да ги открие или скрие фактите, претпоставува дека навистина постојат факти кои, на некој начин, се утврдени и достапни. Неговиот интерес во кажувањето на вистината или во лажењето упатува на тоа дека има разлика помеѓу правилните и лошите нешта и дека, барем повремено, може да се препознае. Оној кој престанува да верува во можноста да определи дадени изјави како вистинити, а други како лажни, има само две алтернативи. Првата е да се откаже од напорите да кажува вистина и од напорите да мами. Ова би значело воздржување од какво било тврдење за фактите. Втората алтернатива е да продолжи да дава тврдења кои имаат за цел да ја опишат состојбата на нештата, но тоа не може да биде ништо друго освен серење.
</p>
<p>
Зошто има толку многу серење? Се разбира, не може со сигурност да се каже дека денес има повеќе серење отколку порано. Во денешно време има повеќе комуникација од секаков вид отколку кога било порано, што не значи дека се зголемила и количината на серењето. Исклучувајќи ја претпоставката дека појавата на серењето е пораспространета денес, ќе спомнам две гледишта кои би можеле да ја објаснат раширеноста на оваа појава.
</p>
<p>
Серењето е неизбежно секојпат кога околностите бараат некој да зборува без да знае што зборува. Така, серењето се поттикнува секојпат кога обврските или приликите да се зборува на некоја тема го надминуваат знаењето што говорникот го има за таа тема. Ова разидување е вообичаено во јавниот живот, каде луѓето се често принудени - дали поради нивните сопствени стремежи или барањата на другите - да зборуваат опширно за работи за кои се, во извесна мера, неуки. Слични примери постојат и поради раширеното верување дека во демократија, граѓанинот сноси одговорност да има мислење за сѐ или барем за сѐ што се однесува на неговата држава. Одвишно е да се каже дека недостигот на каква било значителна поврзаност на мислењата на еден човек со неговото сфаќање за реалноста е уште поголем кај некој што верува во својата одговорност, како самосвесен морален чинител, да оценува настани и услови во целиот свет.
</p>
<p>
Денешното изобилство од серење има длабоки корени и во разните форми на скептицизмот, кои порекнуваат дека можеме да имаме каков било веродостоен пристап до објективната реалност и оттука, да ја знаеме вистинската состојба на нештата. Овие „антиреалистички“ доктрини ја поткопуваат вербата во вредноста на објективните напори да се одреди што е вистина, а што не, па дури и во поимањето на идејата за објективното истражување. Еден одговор на ова губење на довербата беше напуштање на дисциплината без која е недофатлив идеалот наречен исправност и приклонување кон сосема поинаква дисциплина, наметната од потрагата по алтернативниот идеал на <i>искреноста</i>. Наместо најпрвин да настојува да стигне до точна претстава за обичниот свет, поединецот се обидува да добие искрена претстава за себеси. Убеден дека реалноста нема сопствена природа, која би можел да се надева дека ќе ја препознае како вистина за нештата, тој решава да ѝ биде верен на својата природа. Тоа е како да одлучиш дека штом нема смисла да им бидеш верен на фактите, тогаш мора да си бидеш верен барем себеси.
</p>
<p>
Но апсурдно е да се замисли дека ние самите сме одредени и според тоа, подложни и на точни и на неточни описи ако истовремено се земе дека припишувањето на одреденоста на што било друго е грешка. Како свесни сушстества, постоиме само во однос на другите нешта и невозможно е да се знаеме себеси без да ги знаеме нив. Згора на тоа, ниту една теорија или искуство не може да го поткрепи необичното мислење дека вистината за себеси е најлесното што човек може да го осознае. Фактите за самите нас не се чудесно цврсти и отпорни на скептично разложување. Нашите природи се, несомнено, недофатливо кревки - озлогласено познати како помалку стабилни и помалку неделиви од природата на другите нешта. И сѐ додека ова е вака, искреноста сама по себе е серење.
</p>
<h3>
За авторот
</h3>
<p>
Хери Г. Франкфурт е реномиран морален филозоф, почесен професор на универзитетот „Принстон“. Досега ги има напишано „Причините за љубовта“ (Принстон), „Потреба, волја и љубов“ и „Важноста на она за што се грижиме“. Есејот „За серењето“ првпат беше објавен во „Раритен ривју“.
</p>
<footer>
<h3>
Референци
</h3>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn1">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn1">i .</a>
<p>
Макс Блек, „<i>Распространетоста на</i> <i>мајтапот“</i> (Итака: Корнел Јуниверзити Прес, 1985 година).
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn2">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn2">ii .</a>
<p>
Ibid., стр. 143.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn3">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn3">iii .</a>
<p>
Ова е наведено од Норман Малколм во неговиот вовед кон „Сеќавања на Витгенштајн“, издаваштво Р. Рис (Оксфорд: Оксфорд Јуниверзити Прес, 1984 година), стр. xiii.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn4">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn4">iv .</a>
<p>
Фанија Паскал, „Витгенштајн: Лични белешки“, во Рис, <i>Сеќавања</i>, стр. 28-29.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn5">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn5">v .</a>
<p>
Може да се забележи дека со вбројувањето на неискреноста меѓу суштиснки предуслови за срање, би се подразбирало дека срањето не може да биде создадено ненамерно; затоа што е тешко веројатно да се биде ненамерно неискрен.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn6">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn6">vi .</a>
<p>
Следи дел од контекстот во кој се појавуваат овие стихови: „Албигејците, историски проблем, / и флотата во Саламис/ Саламина изградена од бродоградителите со пари позајмени од државата / Tempus tacendi, Tempus loquendi. / Никогаш во земјата не го покачува животниот стандард / но секогаш во странство го покачува профитот на лихварите, / самиот Ленин кажал/ го рекол ова / и продажбата на оружје носи уште поголема продажба на оружје / тие не го задушуваат пазарот за оружје / заситување нема/ Пиза, дваесет и три години на напорот/ усилбите што се видливи од кулата / а Тил беше обесен вчера / за убиство и силување со украси плус Чолкис / плус митологија, мислеше дека е овен на Зевс или некој друг/ Еј Снаг, што има во Библијата? / Кои се книгите на Библијата? / Кажи кои се, не сери.“
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn7">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn7">vii .</a>
<p>
Е. Амблер, „<i>Валкана приказна“</i> (1967 год.), I. iii. 25. Цитатот е даден во истата ставка на Оксфордскиот речник, каде што е вклучен и пасусот од Паунд. Поврзаноста помеѓу серењето и блефирањето се гледа, според мене, во идиомите „да се извлечеш со серење“ и „да се извлечеш со блефирање“.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn8">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn8">viii .</a>
<p>
„Лажење“ во „<i>Трактати на различни теми“</i>, во „<i>Татковци на црквата“</i>, издаваштво Р. Ј. Деферари, том 16 (Њујорк: „Татковци на црквата“, 1952 год.), стр. 109. Св. Августин смета дека кажувањето на лага од овој тип е помал грев од кажувањето на лаги во три од неговите категории и поголем грев од кажувањето на лаги во другите четири категории.
</p>
</div>
<div class="odt-footnote" id="odt-footnote-ftn9">
<a class="footnote-name" href="#anchor-odt-ftn9">ix .</a>
<p>
Ibid., стр. 79.
</p>
</div>
</footer>
</section>
<section id="za_prevodot" class="tab-pane fade">
<header>
<h1>За преводот...</h1>
</header>
<p>Преводот на книгата го направи <strong><a href="mailto:nnovica@gmail.com">Новица Наков</a></strong>.</p>
<h3>Кратка белешка за мотивацијата</h3>
<p>Преведувањето на „<a href="https://en.wikipedia.org/wiki/On_Bullshit">За серењето</a>“ започна заедно со првото читање на текстот кога забележав дека почесто од обично гледам во речник за непознати или нејасни зборови. Почнав со запишување на зборовите, па со запишување на речениците и на крај, со уште малку напор, излезе превод на целиот текст кој, впрочем и не е премногу долг.</p>
<p>Во последнева година разговарав со неколку издавачи во Скопје за книгата да биде отпечатена, но ниту еден не се заинтересира за неа. Сега ја објавуваме вака, бидејќи чуму книга ако не е објавена да се чита.</p>
<h3>Правила</h3>
<p>Ако сте издавач и ако сакате да го објавите овој превод во книга на хартија, контактирајте го авторот на преводот за детали.</p>
<p>Други ограничувања на употребата на овој превод не постојат.</p>
<h3>Благодарност</h3>
<p>Книгава на интернет немаше да биде можна без безрезервната помош на <strong><a href="mailto:andrijanuri@gmail.com">Андријана Папиќ</a></strong> која се согласи да го прегледа текстот и да направи мала лектура и <strong><a href="mailto:goce.mitevski@gmail.com">Гоце Митевски</a></strong> кој ја направи оваа презентација на интернет.</p>
<p>Андријана е одличен преведувач од француски јазик. Побарајте ја ако ви треба франкофон.</p>
<p>Гоце е најдобриот дизајнер што го имала македонската заедница за слободен софтвер и слободна култура. Побарајте го ако ви треба нов изглед за вашиот бренд.</p>
</section>
<section id="prezemanje" class="tab-pane fade">
<header>
<h1>Преземање</h1>
</header>
<p>Благодараме што одлучивте да си земете копија од книгава.</p>
<p>„За серењето“ е достапна во <a href="download/Za serenjeto - Heri G. Frankfurt.txt">.txt</a>, <a href="download/Za serenjeto - Heri G. Frankfurt.odt">.odt</a>, <a href="download/Za serenjeto - Heri G. Frankfurt.pdf">.pdf</a> и <a href="download/Za serenjeto - Heri G. Frankfurt.epub">.epub</a> формати и нема DRM или слични катанци.</p>
<p>Преземањата на книгата не се бројат на никаков начин. Затоа би ценеле ако твитнете или на некоја друга социјална мрежа споделите информација за неа. Покрај тоа што тоа ќе биде некој индкатор за преземањата, на тој начин ќе направите и мала промоција на „За серењето“.</p>
<p>P.S. Ако сакате повеќе да слушате одошто да читате, можете да ги погледнете овие две видеа со авторот: За серењето <a href="https://www.youtube.com/watch?v=W1RO93OS0Sk">дел 1</a> и <a href="https://www.youtube.com/watch?v=hp_c8-CfZtg">дел 2</a>.</p>
<!-- AddThis Button BEGIN -->
<script type="text/javascript">
var addthis_config =
{
data_track_clickback: false
}
</script>
<div class="addthis_toolbox addthis_default_style " addthis:url="http://novica.github.com/ZaSerenjeto/" addthis:title="За „серењето“ - Хери Г. Франкфурт" addthis:description="„За серењето“ е есеј на филозофотот Хери Г. Франкфурт, првпат објавен во „Раритен ривју“, во 1986 год.">
<a class="addthis_button_facebook_like" fb:like:layout="button_count"></a>
<a class="addthis_button_tweet"></a>
<a class="addthis_button_google_plusone" g:plusone:size="medium"></a>
<a class="addthis_button_pinterest_pinit"></a>
<a class="addthis_counter addthis_pill_style"></a>
</div>
<script type="text/javascript" src="//s7.addthis.com/js/300/addthis_widget.js#pubid=xa-50b62d9501b5fed1"></script>
<!-- AddThis Button END -->
</section>
</div>
</div>
</div>
<script>
// Function by Julien Danjou to make tabs bookmarkable
function bootstrap_tab_bookmark (selector) { if (selector == undefined) {
selector = ""; }
/* Automagically jump on good tab based on anchor */
$(document).ready(function() {
url = document.location.href.split('#');
if(url[1] != undefined) {
$(selector + '[href=#'+url[1]+']').tab('show');
}
});
var update_location = function (event) {
document.location.hash = this.getAttribute("href");
}
/* Update hash based on tab */
$(selector + "[data-toggle=pill]").click(update_location);
$(selector + "[data-toggle=tab]").click(update_location);
}
jQuery(document).ready(function ($) {
// Return href value on tab-pill click
$('#glavno-meni a').click(bootstrap_tab_bookmark(this));
});
// Load Playfair Display font from Google Fonts
WebFontConfig = {
google: { families: [ 'Playfair+Display:400,400italic,700,700italic:latin,cyrillic' ] }
};
(function() {
var wf = document.createElement('script');
wf.src = ('https:' == document.location.protocol ? 'https' : 'http') +
'://ajax.googleapis.com/ajax/libs/webfont/1/webfont.js';
wf.type = 'text/javascript';
wf.async = 'true';
var s = document.getElementsByTagName('script')[0];
s.parentNode.insertBefore(wf, s);
})();
</script>
</body>
</html>